На 17 мај 2023 година во рамките на активностите на Konrad-Adenauer-Stiftung North Macedonia Office е организиран религиски час во присуство на десет студенти од Факултетот за Исламски науки во Скопје и десет студенти од Православниот Богословски факултет „Св. Климент Охридски“. На присутните најнапред им се обрати програмскиот менаџер на Конрард Аденауер за Севернс Македонија г. Роберт Јанев, а потоа и професорите на теолошките факултети проф. д-р Хасан Џило и доц. д-р Дарко Анев кои се осврнаа на потребата од религискиот дијалог и меѓусебното зближување и соработка на овие две високообразовни институции.

Студентите ги посетија Архиепископскиот соборен храм „Св. Климент Охридски“ и Мустафа-пашината џамија во Скопје. Професорите Хасан Џило и Дарко Данев ги запознаа студентите со основните верски симболи, нивната традиција и значење во исламскиот и христијанскиот храм. Студентите имаа можност да поставуваат и прашања од областа на молитвите и литургијата во исламската и христијанската религија.

Дружењето на студентите од двата факултети продолжи на заедничкиот ручек организиран во ресторанот „Стара куќа“ во Скопје каде што се продолжи да се разговара за студентските и професорските искуства.